Словенија со најдобра, БиХ со најлоша услуга во регионот

23

losa usluga

Во временски период од 13-ти јуни до 30-ти јули оваа година, агенцијата Global Market Solutions од Сараево во соработка со агенциите за тајно купување во регионот, по седми пат спроведе истражување за основните елементи за квалитет на услугата, со цел да се одбере најдобрата земја во регионот.

Според истражувањето, Босна и Херцеговина и Црна Гора имаат најлоши резултати во поглед на услугите што се нудат. Водечката позиција ја зазема Словенија, а веднаш зад неа е Србија. На трето место се најде Хрватска, а Македонија е една позиција подолу.

Тајните купувачи во овие земји посетија 800 различни објекти, како што се автомобилски салони, банки, бензински пумпи, малопродажни објекти, супермаркети, продажни места на телекомуникациските компании, туристичко – угостителски објекти и компании што се занимаваат со услужна дејност.

Во истражувањето се мерат пет основни елементи на квалитетот на услугата, како што се: поздрав, утврдување на потребите и желбите на купувачите, познавање на производот, нудење на дополнителен производ и заблагодарување на посетата, според акронимот на англискиот збор GUEST – Greet, Understand, Explain, Suggest, Thank.