Словенија со највисока, Македонија со најниска просечна месечна плата во регионот

18

denari 123

Највисоката просечна месечна плата на вработените во земјите од западен Балкан е во Словенија и изнесува 1.002,75 евра, а најниска е во Македонија со 352,47 евра, пишува агенцијата Анадолија, пренесува Б92.

Просечната плата во Словенија во јули изнесува 1.002,75 евра, што е за 7,11 евра во однос на претходниот месец, кога била на ниво од 995,64 евра.

Во исто време, просечната заработка во Хрватска во јуни била 728,92 евра и Хрватска покрај Словенија, е единствена земја од поранешна Југославија, која има просечна плата повисока од 500 евра.

Од земјите со кандидатски статус за влез во Унијата, најголема просечна плата има Црна Гора, која во август изнесувала 473 евра. Просечната заработка во БиХ во јуни изнесуваше 423,87 евра, а во Србија во 381,26 евра.

Македонија се наоѓа на последно место со просечна месечна заработка до 352,47 евра.