Словенија со одговорен, безбеден и “зелен“ туризам ќе привлекува гости

60

Словенечката туристичка организација (СТО) го претстави логото Green&Safe што треба да привлече туристи со одговорен, безбеден и “зелен“ туризам, пренесува STA.

“Во време на несигурност предизвикана од коронавирусот, успехот на туристичката индустрија зависи од довербата што гостите ќе ја имаат за да останат со нас без да им биде загрозено здравјето и сигурноста. Поради промените што ги предизвика пандемијата поважно е од било кога да соработуваат сите чинители во туризмот за да постигнеме успех“, велат од СТО.

Словенечкиот туризам оваа година би можел да се намали за 70%, а се верува дека индустријата што околу 75% зависи од странски гости, ќе ја спасуваат домашни туристи.

Границите постапно ќе се отвораат, па се очекува и зголемување на бројот на странски туристи во Словенија. Земјата очекува дека најголемиот дел од гостите од странство ќе патуваат со автомобил во Словенија.

Фото: Freepik