SmartBike – паметен велосипед што спречува кражба

34

vanmoof headerКомпанијата за иновации VanMoof, чие седиште е во Амстердам, Холандија, создаде велосипед што е речиси невозможно да се украде. Со својата софистицирана технологија како заклучување без клуч и вграден уред за следење, SmartBike спречува кражба, а доколку некој успее да го украде, компанијата ангажира тим за потрага. Доколку велосипедот не биде пронајден во рок од две недели, VanMoof на клиентот му испорачува нов.

SmartBike е поврзан за паметениот телефон на корисникот и единствено тој/таа има можност да го отклучи. Доволен е само допир на дисплејот или на самиот велосипед. Според основачите на компанијата, за разлика од останатите велосипеди што со текот на времето застаруваат, овој модел е секое утро попаметен. Истиот е отпорен на гребење, тежи само 13,6 килограми и целата електроника функционира со вртење на педалите.

Паметниот велосипед ќе биде достапен во сива или црна боја со три или осум брзини. Заинтересираните од 31-ви мај ќе можат да си нарачаат модел по цени од 1.098 или 1.298, а испораката ќе започне во октомври.

DSCF2566VanMoof-Electrified-S-LCD-Screen-889x531