Снимање на изговорот на сопственото име на LinkedIn

69

Деловната мрежа LinkedIn на своите корисници им овозможува снимање на изговорот на сопственото име и презиме, со цел да се олесни комуникацијата со колеги и соработници од целиот свет.

Аудио записот, којшто трае 10 секунди, ќе го олесни изговарањето на името и презимето. Снимањето е овозможено преку мобилните апликации за iOS и Android уреди, додека преслушувањето е возможно од било каков уред, лап топ или статичен компјутер.

Фото: Freepik