Со мотивација до успех – тридневен тим билдинг на вработените во СН Осигурителен брокер

204

Мотивацијата е една од клучните алатки за градење силен и инспириран тим. Само со енергија, инспирација и креативност, мотивацијата го поставува тимот на ниво, каде успехот е неизбежен.

СН Осигурителен брокер АД Битола како компанија, многу пати потврдила дека фокусот ѝ е врз мотивацијата на нејзиниот тим и градењето на човечките ресурси и професионалните капацитети. Викендот што помина беше посветен токму на тоа. Три дена посветени на работа, дружба, учење и стекнување вештини. Само мотивираниот човек стигнува до успехот.

“Се мотивиравме од најдобрите. Со д-р Жарко Костиќ само потврдивме дека ако ја развиваме и градиме мотивацијата можеме да бидеме најдобри. Најдобри во сопствениот професионален развој, најдобри во квалитетот кој што им го нудиме на нашите клиенти. За идните проекти, за нашиот развој, за успесите и целите кон кои се стремиме замислете лично од нашите први луѓе чувме во еден сосема невообичаен амбиент – водите на прекрасното Охридско езеро, на патот за Св. Наум, местото на вечниот извор на енергијата, креацијата, инспирацијата. Ние, вработените, тимот на СН Осигурителен брокер АД Битола, сите бевме таму, од петокот до неделата, стопроцентно подготвени да усвојуваме нови знаења и вештини, но и да се запознаеме подобро меѓу себе и со секој чекор да стануваме се подобар тим, тим со подготвеност за поддршка едни на други и тим со безрезервна меѓусебна доверба“, велат од СН Осигурителен брокер АД Битола.

Тие порачуваат дека се одговорни и сето ова со огромна енергија и задоволство го направија со стопроцентно почитување на сите протоколи, кои ги налага Ковид-19.

“Ние, од СН Осигурителен брокер АД Битола сме подготвени и чекориме напред, ние сме тим, кој може да им одговори на предизвиците и остануваме најдобри за нашите клиенти“, порачуваат од СН Осигурителен брокер АД Битола.