Со QR код на туристите ќе им гарантираат сигурност

Хрватска се соочи со сериозен предизвик како да ја врати туристичката сезона во полн сјај после пандемијата. Тамошното министерство за туризам и спорт на сите туристички и сместувачки капацитети во земјата, што ги задоволуваат потребните стандарди за заштита од Ковид-19, ќе им додели посебна ознака под името – Stay Safe in Croatia (Oстани безбеден во Хрватска).

Станува збор за ознака направена на иницијатива на Светскиот совет за патувања и туризам, што лани креираше протоколи за безбедност и ознака Safe Travels, со цел полесно да се препознаат дестинации и компании што ги почитуваат глобалните и стандардизирани протоколи за здравје и хигиена.

Сите објекти што ќе ја добијат ознаката, ќе добијат и QR којшто можат да го изложат на видливо место. Тој ќе ги води корисниците на посебна Stay Safe in Croatiа интернет страница на којашто ќе бидат ставени сите протоколи и мерки, но и останати корисни информации за туристите, пренесува хрватски Нови лист.

Фото: Pixabay