Со Рамстор и Патос на финале во Бразил

16

Двајца најсреќни купувачи во трговскиот центар Рамстор и маркетите ќе добијат уникатна можност да патуваат во Бразил и во живо да го проследат големото финале на светското првенство во фудбал.
Кампањата која започна на 04.06, а ќе трае се до 24.06.2014 им овозможува на сите потрошувачи во Рамстор и маркетите да ја испробаат својата среќа и да се обидат да освојат патување во Бразил и во живо да го проследат најголемиот фудбалски спектакл за оваа година.
Со секоја сметка над 1000 денари направена во трговскиот, во маркетите на Рамстор или пак со купен чипс Патос, потрошувачите добиваат купон кој е потребно уредно да го пополнат и да го остават во кутиите наменети за наградната игра. Најсреќните двајца добиваат по два билета за следење во живо на финалето на Светското првенство во фудбал, со вклучен авионски билет и сместување во Бразил.

Во текот на кампањата секој петок, сабота и недела во трговскиот ќе се одржуваат и дополнителни активности како што се: шутирај за подарок предизвик поделен во два дела за деца и возрасни и Зумба доживување, часови по Зумба одржани од професионални танчери. Покрај главното патување Рамстор ќе додели и голем број на останати награди како што се: тостери, пегли, блендери, сецко и многу други.