Со водени автобуси ќе се намалува метежот во крајбрежните градови

102

voden avtobus

Тим од научници од Институтот KTH Royal Institute of technology од Стокхолм осмисли иновативен начин за подобрување на системот на јавниот превоз во главниот град на Шведска. Овој град се соочува со голем сообраќаен метеж по што се наметнува потребата за создавање алтернатива на копнениот јавен превоз.

Проектот под името Waterway 365 вклучува таканаречени водени автобуси што ќе се движат по вода и во голема мера ќе влијаат на намалување на сообраќајот низ улиците.

Ефикасноста на јавниот превоз е клучна за успех на општеството во целина. Градовите што се сместени покрај море се соочуваат со посебни предизвици бидејќи ефикасноста на јавниот превоз зависни од патниот и железничкиот транспорт што се потпира на мостови и тунели, а траектите и водени такси возила носат голем број непријатности и долго чекање.

Тимот на KTH предложи систем на бродови со иновативен дизајн што се телеми на неколку клучни елементи што треба да го подобрат јавниот превоз и да го поврзат со копното.

Иако овој проект е насочен кон Стокхолм, тимот верува дека може да се примени и во другите крајбрежни градови. Водените автобуси се направени ефикасно да се интегрираат со сообраќајниот систем на копно, овозможувајќи лесен и брз проток на патници и велосипеди.

waterbussstation

Клучната разлика меѓу предлогот на тимот на KTH и постоечкиот систем на јавен превоз на патници по воден пат е реплицирање на системот на автобуси или подземната железница. Бродовите мора да бидат енергетски ефикасни и да можат да се прилагодат на различните потреби и барања на патниците.