Со Wizz Air oд Скопјe до 14 европски дестинации

36

wizz-airНискотарифниот авиопревозник Wizz Air го објави зимскиот ред на летање за 2014 година за Македонија. Мрежата на унгарската компанија, која ги користи услугите на аеродромот Александар Велики со кој раководи ТАВ Македонија, ќе вклучува вкупно 14 дестинации во осум различни земји.

Компанијата во зимскиот период ќе сообраќа до Париз, два пати недело, до Ајндховен, Минхен и Лондон (по трипати неделно) и до Малме четири пати во текот на една седмица.

“Wizz Air со задоволство го претставува својот зимски ред на летање за Македонија. Бројни возбудливи дестинации, како Париз, Лондон и Малме, се веќе достапни по ниски цени од Скопје. Се надеваме дека нашите 14 интересни зимски летови ќе донесат многу насмевки во Македонија. Билетите за зимскиот распоред на патување за 2014 година веќе можат да се купат на нашата интернет-страница“, вели претставникот на Wizz Air, Даниел де Карваљо.