Сончево и релативно топло

13

Времето во Македонија денеска ќе биде претежно сончево со локална облачност и ветровито. Во крајниот северозападен дел ќе има услови за зголемување на облачноста и за краткотраен дожд. Температурата ќе се движи од 15 до 23 степени.

Во Скопје и околината слично време со температура до 20 степени.

Поголемо зголемување на облачноста ќе има утре, кога се очекуваат и локални врнежи од дожд на повеќе места.