Сончево и топло

16

Времето во Македонија денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од северен правец. Попладне на повеќе места ќе биде нестабилно облачно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, а можна е и појава на град.

Во наредните денови следува период на претежно стабилно, суво и топло време, но сепак во попладнените часови ќе има услови за изолирана појава на краткотраен пороен дожд со грмежи.

Максималната дневна температура ќе достигне до 33 степени.