Сончево и топло, температура до 33 степени

19

Времето во Македонија денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност, повеќе во крајните западни делови. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Дневната температура ќе се движи од 26 до 33 степени.

Во Скопје и околината слично време со температура до 30 степени.