Сончево со умерена облачност и температура до 25 степени

14

Времето во Македонија денеска ќе биде сончево со умерена облачност. Кон крајот на денот ќе има зголемување на облачноста со врнежи од дожд, најпрвин во јужните делови. Ќе дува слаб ветер од југоисточен правец. Дневните температури ќе се движат од 16 до 25 степени.

Во Скопје и околината слично време со температура до 24 степени.