Сончево време со мала облачност

18

Времето денеска во Македонија ќе биде сончево со умерена облачност. Во утринските часови има појава на магла во котлините.

Утринските температури се движат од седум до 13 степени, додека дневните температури ќе бидат од 21 до 26 степени.

Во Скопје и околината ќе преовладува слично време со дневна температура до 24-от степен.