Сообраќај во зимски услови, по влажни коловози

43

Сообраќајот на сите магистрални и регионални патни правци низ Македонија се одвива тековно во зимски услови, по претежно влажни коловоаи, а на места со остатоци од снег. Сообраќајот се одвива без забрани, застои и ограничувања на сите патни правци.

Врнежи од снег има на планиските превои Маврово-Стража-Кичево М.Брод Крушево и Буково.

АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Посебно внимание е потребно по клисурите и засеците каде е можна зачестена појава на поситни одрони, посебно на патните правци Кочани-Делчево, Виница-Берово, Маврово-Дебар-Струга, Д.Капија-Удово и Катланово-Велес.

На автопатот Е-75 на патниот правец Велес-Скопје во тунелот кај Катланово поради изведување работи на електричната мрежа-осветлување, сообраќајот се одвива по една коловозна лента.

АМСМ ги потсетува сите возачи дека законската обврска за поседување на зимската опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба, трае до 15.03.2013.