Сообраќајот се одвива непречено, по наместа влажни коловози

14

На патните правци Кочани – брана Калиманци (А3), Раброво – Костурино (Р1401) и М. Каменица – Делчево (А3) се врши надоградба на асфалтната подлога и санација на риголите, за што е поставена соодветна сообраќајна сигнализација. Сообраќајот се одвива непречено, а се очекува градежните работи да потраат во наредните 30 дена.

Tеренските активности (геодетски и геомеханички истраги) кои се изведуваат долж патниот правец А-1, делница Миладиновци-Куманово (во двата правци) односно од наплатна станица Миладиновци до крај на стариот автопат-клучка Кр. Паланка, од 15.11.2013 год. се изведуваат на клучка Миладиновци.
Работите се изведуваат во временски период од 06:00 до 19:00 часот, додека пак сообраќајната сигнализација за времена измена на режим на сообраќај е поставена 24 часа на трасата.
На пат. правец Маврови Анови – Дебар (Р1202) се изведуваат градежни работи на санација на Мелнички мост во близина на Дебар. Поставена е соодветна патна сигнализација, сообраќајот се одвива непречено, но се препорачува внимателно возење и прилагодување на брзината спрема условите на патот.
Од 07.10.2013 започнaa градежни работи на реконструкција и рехабилитација на патниот правец Велес – Кадрифаково фаза 1: од клучка Велес крај на трета лента (депонија Велес) Лозово, Сарамзалино.
Возачите ги предупредуваме да пристапуваат внимателно и со намалена брзина кон местата на кои се изведуваат работи на пат и да се придржуваат кон упатствата од новопоставената вертикална сигнализација.
Патниот правец Р2 332, Охрид- Ресен преку Галичица (врска со Р1307 (Царина)-врска со А3 и Р1301 (Трпејца)), од месноста Корита до зимскиот центар Отешево се затвора сезонски за сообраќај на сите возила од 15.11.2013 до 31.03.2014 год.
Посебно внимание е потребно на делниците кои минуваат низ клисурите и засеците, особено на патните правци Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, Кочани – Делчево и Берово – Виница, каде е можна почеста појава на одрони.
Сообраќајот на сите останати државни патишта низ државата се одвива непречено, по наместа влажни коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолготрајни задржувања за влез и за излез од државата.
Од 15.11 2013 година започна законската обврска за задолжително поседување на зимската опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба. Оваа обврска ќе трае до 15.03. следната година.