Соопштение на НБРМ

20

Во врска со реакцијата на FXLider, од Народна банка на Република Македонија соопштуваат дека единствено овластените банки, Фондот за осигурување депозити, осигурителните друштва, пензиските фондови и инвестициските фондови можат да инвестираат, преку овластен учесник, на странската берза или на организиран пазар на хартии од вредност.

Член 14 Од Законот за девизно работење јасно пропишува дека резидентите, освен спомнатите, немаат право да инвестираат во хартии од вредност во странство. FXLider со својата понуда на услуги ги таргетира токму оние на кои тоа не им е дозволено. Понатаму, моделот на „левериџ трејдинг“ којшто го нуди FXLider е исклучително ризичен за непрофесионални инвеститори и може да се спореди со лотарија“, стои во соопштението од НБРМ.