Сопственикот на British Airways за една милијарда евра го презеде шпански Air Europa

28

International Airlines Group, познат како IAG, за една милијарда евра го презеде шпанскиот авиопревозник Air Europa, пишува Forbes.

IAG, којшто е сопственик на British Airways и Iberia, сега е сопственик на три шпански авиопревозници, откако го презеде и Vueling во ноември 2012 година.

“Со купувањето на Air Europa, IAG ќе добие нов, конкурентен, ефикасен авиопревозник и паралелно ќе ја зацврсти позицијата на Мадрид како водечко европско одредиште. Резултатот ќе биде водечка улога на IAG на јужниот Атлантик“, изјави Вили Волш, извршен директор на IAG.

Минатата година оваа компанија оствари приходи во висина од 2,1 милијарди евра и оперативна добивка од 100 милиони евра. Превезени се 11,8 милиони патници со флота од 66 летала.

Фото: Pixabay