Сопственикот на Zara има недвижнини вредни 15,2 милијарди евра

222

Откако се збогати продавајќи облека, Амансио Ортега своето внимание сега го насочува кон недвижнините, пишува Bloomberg.

Сопственикот на брендот Zara, шпанскиот милијардер Ортега поседува недвижнини од 15,2 милијарди евра, со што го има најголемото портфолио меѓу супер – богатите на Стариот континент.

Осумдесет и четиригодишниот Ортега минатата година вложи 2,1 милијарда евра во недвижнини преку различни подружници на својот холдинг Pontegadе. Овој холдинг, што поседува 59,3% од акциите на матичната компанија на Zara, Inditex, оствари нето приходи од 1,8 милијарди евра во 2019 година, вклучувајќи 1,64 милијарди евра од дивиденда на Inditex и 621 милион евра од имот.

Најбогатиот Шпанец го диверзификуваше своето портфолио составено од модни брендови, со цел да го зачува своето огромно богатство, вложувајќи над три милијарди долари во недвижнини во САД во последните неколку години.

Според Bloomberg Billionaires Index, богатството на Ортега се проценува на над 58,5 милијарди долари, а најголем дел е од мнозинскиот удел во Inditex.

Фото: Facebook