Совет на денот: Кога една врата ќе се затвори, секогаш се отвара друга

Хелен Адам Келер (1880-1968) била американска писателка и педагог. Запаметена е како медицински феномен и една од жените со најинтересна биографија до 19 век.
Келер уште во детството била слепа и глува. По долготраен процес успеала да научи да се снајде во средината и да заврши училиште. Станала една од најпопуларните икони на американската популарна култура и симбол на инвалид кој успева да ги преброди своите недостатоци. Ова се неколку од нејзините мисли:

Никогаш не би научиле да бидеме храбри и трпеливи, ако постоеше само среќа на овој свет

Жалењето е нашиот најголем непријател и ако му се предадеме, никогаш нема да направиме нешто мудро на овој свет

Се лизгам, паѓам, станувам. Со тешка мака продолжувам понатаму, но одам напред. Сè повеќе и повеќе се качувам. Гледам сè поголем хоризонт. Секоја борба е победа

Кога една врата ќе се затвори, секогаш се отвара друга. Многу често додека гледаме во затворената врата, не ја забележуваме онаа што се отворила