Познатиот австриски психијатар Виктор Франкл напишал психолошки мемоари во кои низ личните, но и низ искуствата на други луѓе од логорот во Аушвиц ја претставил својата логотерапевтска теорија според која смислата, а не успехот или среќата, е силата што го движи човечкиот живот.
Неговата книга Man’s search for meaning; An introduction to logotherapy ќе стане едно од најчитаните дела на 20-от век.
Овие внимателно одбрани зборови се полни со мудрост:
“Животот не е неподнослив поради околностите, туку поради недостатокот од значење и цел“
“Кога веќе не можеме да ја промениме ситуацијата, предизвикани сме да се промениме себеси“
“Ние носиме одлука како ќе продолжиме натаму, да продолжиме да се будиме и да го живееме својот живот секој ден затоа што веруваме дека постои некаква повисока цел и дека нашите страдања не се залудни“
Фото: Pexels