Совет на денот: За секое големо достигнување потребно е време

Маја Ангелоу е една од најпочитуваните американски писателки и поетеси. Таа зад себе остави прекрасни дела кои ќе останат во светското наследство и кои ќе се пренесуваат од генерација на генерација. Во 2001 година е прогласена за една од 30-те најмоќни жени во САД. Делата на оваа голема жена, која почина во 2014 година, на 87 години, се извор на мудрости што ќе ви помогнат многу во животот. Во продолжение прочитајте неколку.

За секое големо достигнување потребно е време

Омразата предизвикува многу проблеми во светот, но сè уште не решила ниту еден.

Во сите нас живее копнежот за домот, безбедно место каде што можеме да дојдеме онакви какви што сме и во кое никој нема да нè преиспитува.

Оној што те гледа како опција никогаш не треба да биде приоритет.

Ако нешто не ти се допаѓа, промени го. Ако не е тоа возможно, тогаш промени го својот став кон него.

Фото: Pixabay