Совети од Чарли Мангер, десната рака на Ворен Бафет

236

Потпретседателот на Беркшир Хатавеј, Чарли Мангер (96) е најпознат како долгогодишна десна рака на легендата за инвестиции Ворен Бафет, чие богатство се проценува на 1,7 милијарди долари. Покрај неговата улога заедно со Бафет, Мангер е претседател на Daily Journal и е член на управен одбор на компанијата Costco.

Едно од најчестите прашања со кои се среќава Мангер е која е тајната на долгиот и среќен живот, во неговиот случај и крајно успешен. Неодамна, милијардерот одговори на ова прашање со низа едноставни совети.

Не биди завидлив

Не биди премногу незадоволен

Не трошете повеќе отколку што заработувате

И покрај вашите проблеми, останете весели

Работите и соработувајте со луѓе од доверба

Неговиот рецепт е логичен, вели тој, “паметно е да се остане секогаш весел“, рече Мангер, а да го постигнете тоа е важно да се ослободите од негативните чувства.

“И, дали можете да бидете среќни кога сте апсолутно потонати во длабока омраза и огорченост? Секако дека не можете“, истакна милијардерот.

Фото: Pixabay