Создаден 3D печатач што печати куќи за само еден ден

20

lrg_dsc04871

Фото: NewStory

Една милијарда луѓе на Земјата немаат можност за соодветно домување, па токму затоа стартапот ICON и добротворната организација New Story развија начин тоа да го променат. Станува збор за 3D печатење на куќи со големина од 600 до 800 квадратни метри по цена од 4.000 долари. Она што е интересно е дека печатењето се прави за само еден ден.

ICON и New Story неодамна го претставија и првиот “печатен дом“, којшто е лоциран во Тексас, САД пренесува Inhabitat.

За да да се изгради една ваква куќа, ICON разви мобилен 3D печатач наречен Vulkan. Дизајниран е да работи во услови каде напојувањето со електричната енегерија е слабо и нема достапна вода за пиење, како што се руралните области во Ел Салвадор или Хаити.

Добротворната организација планира прво да испечати куќи за цела населба во Ел Салвадор, а потоа да следат и други локации. New Story моментално собира пари за изградба на 100 домови од следната развојна фаза на проектот. Тие планираат да ги направат домовите едноставни за да ги минимизираат трошоците за одржување.

Според New Story првата 3D печатена куќа ќе биде пуштена во употреба во вториот или третиот квартал од 2019 година.