Србија активира телефонска услуга “SOS мобинг”

21

RAMRRS flyer SOS 1

Во текот на оваа недела, во Србија ќе биде активирана телефонската услуга SOS мобинг, преку која граѓаните ќе можат да се информираат за своите права и начини на заштита од малтретирање на работнотот место, јавува Танјуг.

SOS мобинг е заеднички проект на Републичката агенција за мирно решавање на работни спорови и Министерството за труд, кој се спроведува со цел подигање на свеста за забраната за малтретирање на работно место и кај работодавците и кај вработените.

Услугата ќе биде достапна 24 часа.