Србија може да се соочи со недостиг од мед

37

Во Србија годишно се произведуваат од 6.000 до 12.000 тони мед, но оваа година може да биде лоша за пчеларите. Дури во април следната година точно ќе се знае колкав пад е забележан во пчеларството, пишува српска Политика.

Се проценува дека во Србија ќе има за 80% помалку мед во однос на просекот, а производството нема да надмине 2.000 тони. Ова значи дека Србија е на “раб на недостиг на мед“, што може да предизвика раст на увозот, но и цената на домашниот пазар.

Причина за пад на производството на мед се лошите временски прилики. Во овој момент откупната цена на багремовиот мед е 4,67 евра.

Фото: Freepik