Србија: Наскоро плаќање со скенирање на QR код

255

Граѓаните на Србија, меѓу првите во Европа, наскоро би можеле да плаќаат преку скенирање на QR код со паметен телефон.

“Станува збор за нешто што и во Европската унија практично е во процес на планирање, додека нашата земја на овој систем за плаќање веќе работи“, вели Драгана Станиќ, вицегувернерка на Народна банка на Србија.

Тамошната централна банка во 2018-та година, како што наведуваат српските медиуми, воведе можност за инстант плаќања, па трансфер на пари може да се изврши во тек на 24 часа, седум дена во неделата, 365 дена во годината и тоа за една или две секунди.

Плаќањето со QR код, како што се наведува, е еден од начините да се избегне долгото чекање во ред пред шалтерите. Кога станува збор за безбедноста на овој вид на плаќање, востановени се правила коишто укажуваат што треба да содржи QR кодот и дека целиот систем се потпира на искуства, пракса, како и национални и меѓународни закони.

Фото: Pixabay