Србија од први јуни ги отвора границите со Македонија

Србија од први јуни ги отвора границите за четири земји, пишува српски Курир.

Како што се наведува, во целост ќе се либерализира движењето со Македонија, Албанија, Босна и Херцеговина и Црна Гора.

Оваа одлука е донесена бидејќи ниту една од овие земји не била жариште на коронавирусот.

Донесена е, исто така, поради студентите од Република Српска и Црна Гора, кои ќе циркулираат меѓу три земји.

Фото: Pixabay