Србија од снимање филмови инкасира 100 милиони евра

26

Расте бројот на странски високобуџетни продукции доаѓаат во Србија од април 2016 година, кога започна примена на Уредбата за поттик за инвестирање во аудио – визуелни дела, пишува Новости.

Според официјалните податоци, овие мерки ја поттикнаа српската филмска индустрија, како и приходи за тамошната економија. Освен пари, снимањето на странски серии и филмови придонесува и за промоција на земјата.

“Обемот на продукција од 2016-та година е трикратно зголемен, а за четири години преку програмата за поттикнување поминаа повеќе од 150 проекти и привлече повеќе од 100 милиони евра директни странски инвестиции“, вели Ана Илиќ, владин советник за креативна индустрија и туризам.

Во текот на минатата година се исплатени 6,5 милиони евра, додека просечната вредност на проектите што ги користеа субвенциите надминува 35 милиони евра.

Досега во Србија снимале: Џони Деп, Реј Фајнс, Ванеса Редгрејв, Пирс Броснан, Кевин Костнер, Џерард Батлер.

Фото: Pixabay