Србија стави на продажба 502 претпријатија

49

Handshake

Агенцијата за приватизација во Србија, на својата интернет страница објави јавен повик за собирање писма на заинтересирани инвеститори за приватизација на 502 претпријатија. Писмата на заинтересирани Агенцијата ќе ги прима до 15 септември 2014 година, јавува Танјуг.

Јавниот повик се однесува на 113 претпријатија од областа на преработувачка индустрија, 83 од областа на трговија на мало и големо и поправка на моторни возила, 73 се од областа информирање и комуникации, 67 од стручна, научна и иновациска дејност, 51 градежништво, 35 од земјоделство, шумарство и рибарство. Тука се и претпријатија од областа здравствена и социјална заштита, финансии, снабдување со струја, гас и пареа, рударство, услужни дејности…

Агенцијата во рок од 45 дена по истекот на рокот за доставување писма на интерес, на Министерството за економија ќе му достави предлог модели и методи за призатизација на секое од овие претпријатие поединечно. Задолжителен рок за спроведување на овие приватизации, согласно Законот за приватизација, е до крајот на декември 2015 година.

Јавниот повик ќе биде објавен и во реномираниот The Financial Times.

На листата претпријатија за приватизација се наоѓаат: Галеника, Петрохемија, Азотара, Јат техника, Ласта, Симпо, Ц маркет, Белградски саем, Јумко, Икарбус, Политика а.д., Жупа Крушевац, Први мај Пирот, Хотел Сплендид Белград, Славија хотели, Невена Лесковац, Јагодинска пиварница, Фудбалски клуб Рад, Будимка Пожега….