Србија: Заработка од 1,5 евра на час за броење патници во јавниот превоз

39

patnici javen prevoz

За невработените лица во Србија пристигнува еден интересен предлог за вработување. Центарот за планирање на урбан развој на Србија преку оглас бара 200 работници кои во период од шест недели ќе ги бројат патниците кои користат градски превоз. Оние кои ќе го прифатат овој предизвик ќе добиваат по 1,50 евра на час, пишува 24сата.рс.

“Броење на патници во градскиот превоз. Работата е со полно работно време во две смени. Ангажманот е во работните денови во период од шест недели. Почетокот на работата е на крајот на октомври“, стои во огласот што е објавен на страниците на студентските и младинските организации.

За овие работни места, како потребни квалификации се наведуваат одговорност, доверливост и прецизност во работата. Предност ќе имаат ученици и студенти до 26 години, во завршните години од образованието, и кандидати кои се подготвени да работат во период од шест недели.

Центарот за планирање на урбан развој на Србија оваа работа ја доби на јавен тендер што Секретаријатот за сообраќај ја распиша во септември.