Средба Бесими-Ју: Заемното партнерство со Светска банка продолжува со новата Рамка, приоритет е постигнување инклузивен, одржлив и зелен раст

19

Министерот за финансии Фатмир Бесими денеска оствари работен состанок со регионалната директорка на Светска банка за Западен Балкан Шиаочин Ју и директорот на СБ во земјава Масимилијано Паолучи. На средбата стана збор за новата Рамка за партнерство со РС Македонија за периодот 2024-2028.

„Соработката со Светска банка се заснова на заемно партнерство и повеќегодишни стратегии за соработка. Во фаза на подготовка сме на новата Рамка за партнерство, за што е изработена анализа од страна на Светската банка во која ги дефинира приоритетите кои ќе бидат во наредните четири години”, рече министерот на средбата на која изрази задоволство од досегашната континуирана поддршка што ја добива земјата од оваа меѓународна финансиска институција

Тој додаде дека Рамката за партнерство  ги сумира областите во кои Банката ќе обезбеди поддршка за развојната агенда на земјата и дека Партнерството со банката преку новата рамка е од особено значење  за натамошниот развој на нашата економија на патот кон ЕУ со која ке се подготват значајни прироритетни проекти на Владата на РСМ претставени во националните стратешки документи.

Извештајот што го подготви Светска банка како основа за новата Рамка, Системска дијагностика на земјата, беше презентиран и пред Владата на РС Македонија. Целта на новата Рамка е постигнување инклузивен, одржлив и зелен раст на економијата.  Во неа ќе бидат инкорпорирани приоритетите на Владата претставени во  националните стратешки документи и во Програмата за економски раст,  која ги содржи и клучните реформи заеднички усвоени со ЕУ

На средбата одржана во Министерството за финансии се направи осврт на степенот на реформските активности што Владата ги спроведува за добивање на буџетска поддршка преку Заемот за развојни политики.