ССМ ги поддржува барањата на вработените во ОХИС

24

На денешната седница на Советот на Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ) се донесе заклучок дека ССМ ги поддржува барањата на вработените во ОХИС.

“Советот на Сојузот на синдикатите на Македонија на денешната седма седница заклучи дека ССМ дава безрезервна поддршка на барањата на вработените во ОХИС. ССМ отсекогаш настапува солидарно со барањата на работниците и активно се вклучува во изнаоѓање поволни решенија”, се вели во соопштението од ССМ.

Според ССМ на наредната седница на Економско – социјалниот совет, ќе бидат разгледувани можните решенија за вработените во ОХИС и во останатите загубари.