Staedtler 20 години на македонскиот пазар

34

StaedtlerСветски познатата германска компанија Staedtler Mars GMBH го одбележува своето 20 годишно присуство на македонскиот пазар. Staedtler на македонскиот пазар е присутен преку компанијата Еуро Данвест од Скопје.

“Динамика во работењето, глобализацијата, инвестирање и развој на нова технологија се секогаш предизвик за нас”, вели Пеце Горгиоски, управител на Еуро Данвест.

Имаме чест да ја презентираме новата лепеза на квалитетни производи кои ќе бидат на продажба на нашиот пазар. Секогаш кога на ум ќе ви дојде идеја или инспирација, првата работа што ја правите е – ја запишувате на хартија! Ова е еден од главните мотиви кои ни даваат надеж за понатамошен развој и исто така ни дава поттик за креирање на најквалитетни производи.

Еуро Данвест и партнерите нудат најквалитетни моливи, пенкала, глина за моделирање и други производи.