Стапка на сиромашни лица од 21,9% во 2016 година

33

prazni-dzebovi-pixabay

Фото: Pixabay

Стапката на сиромашни лица во Македонија во 2016 година достигна 21,9%, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Анализирано по типови домаќинства, стапката на сиромаштија на домаќинствата составени од двајца возрасни со две издржувани деца во 2016 година е 20,2%. Според најфреквентниот статус на економската активност, стапкатата на сиромашни вработени лица е 9%, додека стапката на сиромашни пензионери е 7,1%.

Коефициентот Gini (мерка за нееднаквоста во распределбата на приходите) изнесува 33,6%.