Стапката на слободни работни места изнесува 1,47%

23

Стапката на слободни работни места, во второто тримесечје од оваа година, изнесува 1,47%, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Највисока стапка на слободни работни места има во секторот Објекти за сместување и сервисни дејности со храна и изнесува 3,36%, додека најмала е стапката во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација каде што изнесува 0,12%.

Деловните субјекти со број на вработени од три до девет имаат највисока стапка на слободни работни места која изнесува 2,19%. Југозападниот регион има највисока стапка на слободни работни места која изнесува 2,50%. Најголем број на слободни работни места, односно 2.306, има во петтата група на занимања – Работници во услужни дејности и продажба.