Старт-ап од Лондон го наоѓа секое место на Земјата без потреба од адреса

22

Старт-ап со седиште во Лондон, Англија пронајде решение како да се “мапира“ секое место на Земјата со помош на три збора.

Името е what3words, а негов основач е Крис Шелдрик, поранешен организатор на музички настани во живо.

Апликацијата започна само со англиски јазик како опција, а денес ја има на вкупно 36 светски јазици. Најголем успех има во Монголија, каде фразите од три зборови ги користат поштите, банките, такси возилата, сопствениците на Airbnb и Pizza Hut.

Компанијата неодамна соработуваше и со бегалски камп во Уганда што сместува над 100.000 луѓе со цел кај секого да може да биде испорачана нарачката и да се пронајдат над 50.000 објекти.

Апликацијата исто така работи и офлајн, бесплатна е за широката јавност и непрофитните организации, пишува CNN. Стартапот планира да собере пари со тоа што ќе го лиценцира својот код за деловни субјекти коишто сакаат да го вклучат во нивните системи.

Две логистички фирми веќе имаат инвестирано во what3words, германската DB Schenker и Aramexare од Обединетите Арапски Емирати, ја користат технологијата од стартапот во нивните системи.

Освен нив поддржувач на what3words е и германскиот производител на автомобили Daimler, јужнокорејската апликација Kakaо и Cabify, ривалот на Uber во Јужна Америка.

Фото: what3words