Стапката на слободни работни места во четвртото тримесечје од 2015 година е 1,50%, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.
Највисока стапка на слободни работни места има секторот Рударство и вадење на камен и изнесува 2,50%, додека најмала е стапката во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација каде што изнесува 0,16%.
Деловните субјекти со број на вработени од три до девет имаат највисока стапка на слободни работни места која изнесува 1,89%.Пелагонискиот регион има највисока стапка на слободни работни места која изнесува 2,46%.
Најголем број на слободни работни места, односно 1.737, има во групата на занимања – Работници во услужни дејности и продажба.














