Статистика: Лани најмногу се градело во Скопскиот регион

22

plan-za-gradenje-pixabay

Фото: Pixabay

Според податоците на Државниот завод за статистика, во 2016 година, деловните субјекти кои се занимаваат со градежна дејност извршиле градежни работи во вредност од 34.689.785.000 денари.

Од нив, 10.858.409.000 денари се за објекти во индивидуална сопственост.

Во текот на 2016 година се градени вкупно 2.301 објект, а завршени се вкупно 3.483 станови со вкупна површина од 214.304 метри квадратни, од коишто 3.440 се во индивидуална сопственост.

Просечната корисна површина на завршените станови е 61,5 метри квадратни. По региони, најмногу се градело во Скопскиот регион, потоа во Југозападниот, во Источниот итн.

Според податоците на Државниот завод за статистика, во 2016 година, индивидуални сопственици извршиле градежни работи во вредност од 10.960.148.000 денари.

Во текот на 2016 година се градени вкупно 2.153 објекти и завршени се вкупно 2.709 станови со вкупна површина од 305.108 метри квадратни, од коишто 120 се станови во викенд – куќи со вкупна површина од 10.816 метри квадратни.

Просечната корисна површина на завршените станови е 112,6 метри квадратни. По региони, најмногу се градело во Скопскиот регион, потоа во Полошкиот, во Југозападниот итн.