Статистика: Невработеност од 26,1% во 2015 година

24

Стапката на невработеност во 2015 година достигна 26,1%, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Стапката на активност во текот на минатата година е 57%, додека стапката на вработеност е 42,1%.

Бројот на активното население во Република Македонија изнесува 954.924 лица, од кои вработени се 705.991, а 248.933 лица се невработени.