Стипендии од ЕЛЕМ, ЕВН и МЕПСО за 14 студенти на ФЕИТ

23

Најдобрите 14 студенти на Факултетот за електротехника и информациски технологии (ФЕИТ), на електро-енергетските насоки, денеска добија стипендии што ги обезбедија АД ЕЛЕМ, ЕВН – Македонија и АД МЕПСО.

Месечната стипендија изнесува 6.000 денари. По пет стипендии доделуваат ЕЛЕМ и МЕПСО, а ЕВН Македонија четири. Поддршката на најдобрите студенти со минимална просечна оценка од 8 се спроведува трета година.

Стипендиите ги доделија генералниот директор на АД ЕЛЕМ Дејан Бошковски, Игор Гиевски, член на Управниот одбор на ЕВН Македонија АД Скопје и генералниот директор на АД МЕПСО, Синиша Спасов.

На церемонијата на ФЕИТ беа врачени и награди и признанија на студентите кои завршиле прва, втора и трета година со просек 9 и над 9, како и на студентите кои учествувале на домашни и меѓународни натпревари.