Европската унија идната недела треба да добие официјално одобрување за воведување царини за увоз вреден четири милијарди долари од САД, како одговор на спорот околу субвенциите за производителите на авиони Boeing, покажа документот на Светската трговска организација (СТО).
Европската унија доби право да воведе царински давачки за увоз на американски производи во вредност од четири милијарди долари.
Одобрението стигна од СТО како одговор на нелегалното субвенционирање на американскиот производител на авиони Boeing. Нелегално субвенционирање се смета секое давање пари за кои од примателот на државна помош се бара да исполни одредени извозни цели или да користи домашни суровини наместо увезени.
Нелегалното субвенционирање, по дефиниција, ја нарушува конкуренцијата на слободниот пазар и затоа СТО е строго против негова употреба.
Фото: Pixabay











