СТО: Знаци на забавување на трговија со стоки по трендот на раст на крајот на 2020 година

35

Светската трговија со стоки нагло се зголеми во четвртиот квартал на 2020 година, но трендот на раст покажува знаци на забавување, предупреди Светската трговска организација (СТО), нагласувајќи дека закрепнувањето зависи од ефикасната вакцинација против Ковид-19.

Барометарот за стоковна трговија на СТО стоеше на 103,9 поени во последните три месеци од минатата година, сигнализирајќи континуирано закрепнување кое започна во третиот квартал, изразено во надминување на индексот на вредноста од 100 поени.

Трендот на закрепнување на извозните налози и трговијата со автомобили достигна врв и веќе покажува знаци на забавување, предупредува СТО.

Фото: Pixabay