Стопанска банка а.д. Битола, во рамки на одбележување на јубилејот – 70 години постоење, овој месец на пензионерите кои пензијата ја примаат преку банката ќе им овозможи да ја добијат порано – на 30-ти ноември, стои во соопштението.
Банката го прославува јубилејот со низа активности со кои ја изразува својата благодарност за довербата која ја добива од своите клиенти седум децении. Покрај грижата и вниманието за својата највозрасна група на клиенти, во дел од своите активности ги вклучува и најмладите. Во таа насока Стопанска банка а.д. Битола додели годишни стипендии на тројца ученици од Државното музичко училиште во Битола, кои се истакнуваат со својот особен талент.
Стопанска банка а.д. Битола, како и во изминати 70 години, го задржува императивот на своето работење – задоволување на интересите на своите клиенти.