Стопанска банка Битола прокнижи добивка од над 159 милиони денари

17

stopanska-banka-bitola

Стопанска банка Битола во период од 01.01 до 31.12.2014 година прокнижи добивка во износ од 159.731.000 денари, покажува неревидираниот биланс на успех, објавен на Македонска берза.

Во 2013 година, банката оствари добивка во вредност од 21.701.000 денари.

Билансот на успех покажува дека банката во 2014 година оствари нето приходи од камати во висина од 452.391.000 денари, додека една година претходно тие беа на ниво од 173.032.000 денари.

“Банката и во идниот период ќе продолжи со активностите за наплата на нефункционалните кредити, продажба на преземениот имот и контрола на трошоците. Банката ќе настојува преку понуди на конкурентни производи и услуги кои во се целост ќе одговораат на потребите на нејзините клиенти, да го одржи трендот на раст на нето приходите од камати и провизии со што би се создале услови за уште позначајно подобрување на финансискиот резултат“, стои во Образложението кон остварениот финансиски резултат.