Стопанска банка: Добивка од 1,4 милијарди денари за девет месеци

35

Стопанска банка АД Скопје деветте месеци од оваа година ги заврши со добивка од 1.422.078.000 денари, стои во билансот на успех објавен на Македонска берза.

Во периодот јануари – септември лани, банката оствари добивка од 1.730.218.000 денари.

“Нето приходите од камати во анализираниот период изнесуваат 2.769.068.000 денари и се зголемени за 2% во однос на истиот период од минатата година. Тоа е резултат на порастот на вкупната актива за 4% при остварен кредитен пораст од 9,1%. Наведената промена е резултат на зголемување на оптималноста во користењето на изворите на средства на Банката во насока на зголемување на кредитното портфолио, при што, за разлика од претходните години, Банката бележи значаен пораст во делот на корпоративното кредитирање“, стои во Анализата на финансиските резултати.

Нето-приходите од провизии и од надомест изнесуваат 545.622.000 денари и се намалени за 10,3% во однос на анализираниот период во 2019 година, пред сè како што се наведува, како резултат на глобалната пандемија, којашто имаше сериозни импликации на целата економска активност.

Фото: Freepik