Стопанска банка нуди ненаменски потрошувачки кредит до 15.000 евра

123

stopanska-banka

Стопанска банка информира дека го збогати своето портфолио на производи, овој пат со ненаменски потрошувачки до 920.000 денари (15.000 евра).

Сите кои ќе аплицираат до 31-ви јули годинава, ќе добијат промотивни поволности, односно нема да плаќаат административни трошоци, а ќе имаат 6% фиксна каматна стапка за првите две години.

За аплицирање на кредитот корисникот треба да е државјани на РМ и во редовен работен однос со минимален месечен приход од 8.100 денари за кредити до 10.000 евра (за секој учесник во кредитот поединечно), од 22.000 денари за кредитобарателот, за кредити над 10.000 евра.

Доколку износот на плата на кредитобарателот е помал од 35.000 денари, задолжително треба да се вклучи ко-кредитобарател со минимална плата од 8.100 денари.

Клиентот треба да има полни 20 години на денот на аплицирање до 67 години на денот на отплата на кредитот. Доколку се вклучи ко-кредитобарател, за клиенти со плата/пензија во банката, возраста може да достигне до 70 години на денот на отплата на кредитот

Од Стопанска банка посочуваат дека предностите на овој кредит се времето на одобрување, односно потребни се само 30 минути за таа процедура. Нема трошоци во случај на предвремена отплата, а кредитот се одобрува без депозит, жиранти, административна забрана и меница. Во случајов, кокредитобаратели можат да бидат лица што не се членови на потесното семејство.

Каматната стапка (фиксна за кредити со МКД клаузула) е 6% фиксна за првите две години од отплата и важи за сите клиенти. Годишната каматна стапка е променлива и доколку клиентот зема плата или пензија преку банката таа изнесува 10,13%, а за другите клиенти таа е 11,25% .

Рокот за отплата е минимум 6 месеци, а максимум 5 години за кредит до 91.500 денари, додека пак отплата и до 7 години е овозможена за исплата на кредит од 91.501 до 300.000 денари.

Отплатата се врши со еднакви месечни ануитети, минимален од 1.200 денари. За сите иматели на трансакциска сметка во банката, можна е отплата со траен налог или преку системот на И-банкарство на Стопанска банка.

Потребни документи за аплицирање се: барање за потрошувачки кредит, копија од лична карта или пасош, за клиенти што земаат плата/пензија во Стопанска банка, извод од трансакциска сметка за последните три месеци.

За клиенти што не земаат плата /пензија во банката, потврда за редовно вработување, заверена и потпишана од работодавецот (не постара од 30 дена) а по потреба и други документи за доказ за висина на месечни примања. Вработените во приватни фирми кои не се акционерски или државни/јавни установи потребно е да достават и образец ПП53 (Декларација за прием од УЈП) за последните два месеци. Потребни се и други документи по барање на банката како извод од матична книга на родени/венчани, согласност за доставување извештај од Македонско кредитно биро АД – Скопје, а за рефинансирање кредит од друга банка, потребни се документи по барање на Банката.