Стопанска банка прикажа добивка од 649 милиони денари во првото тримесечје

22

stopanska-banka-580x322

Стопанска банка, во период од први јануари до 31-ви март оваа година, работеше со добивка во висина од 649.377.000 денари, покажува билансот на успех објавен на Македонска берза.

Истото тримесечје претходната година, банката прикажа добивка од 604.085.000 денари.

Нето приходите од камата во првите три месеци од 2016 година достигнаа 878.173.000 денари, додека истиот период претходната година беа 823.777.000 денари.

Нето приходите од провизии во првите три месеци од оваа година беа 228.010.000 денари.