Стопанска банка со добивка од 539,9 милиони денари во првиот квартал

27

Фото: Pixabay

Стопанска банка АД Скопје, во текот на првиот квартал од оваа година, оствари добивка од 539.905.000 денари, покажува билансот на успех објавен на Македонска берза.

На крајот на март минатата година, банката прикажа добивка во висина од 1.051.037.000 денари.

“Намалениот резултат во тековниот период се должи на ефектот на решениот статус на должникот Фени Кавадарци во првиот квартал од 2018 година, кога Стопанска банка склучи договор за продажба на своите побарувања со што во билансите на банката беше евидентирано ослободување на исправката на вредност и истото имаше соодветен ефект врз остварениот финансиски резултат“, стои во Анализата на финансиските резултати.

Нето приходите од камати, како што се наведува, изнесуваат 903.127.000 денари, односно се намалени за 5,9% во однос на истиот показател за 2018 година, при што приходите од камати забележаа намалување од 6,6%, додека расходите од камата забележаа намалување од 10%.

Нето приходите од провизии и надоместоци изнесуваат 262.646.000 денари и се повисоки за 7,1% од истите во 2018 година како резултат на остварен пораст на нето провизиите и надоместоците од услугите.